Бохемен: Бокова останува на листата на кандидати за генерален секретар на ОН

Генералниот секретар на УНЕСКО, Ирина Бокова, останува на листата со претенденти за функцијата генерален секретар на ОН, и покрај одлуката на бугарската Влада да ја постави за нов кандидат европскиот комесар за буџет и човечки ресурси, Кристалина Георгиева.
Ова го изјави новозеландскиот постојан претставник во организацијата Џерард ван Бохемен, ротациски претседател на Советот за безбедност на ОН во септември, јави ТАСС.
- Настанатата ситуација беше разгледана на затворената седница на Советот за безбедност, изјави Бохемен.
- Луѓето сакаа да дознаат дали еден или двајца кандидати ќе има од страна на Бугарија. Како резултат на тоа, ќе имаме еден кандидат со официјална поддршка од бугарската Влада, и уште еден, кој останува во натпреварот, истакна Бохемен, и додаде дека ниту еден од членовите на СБ на ОН не се изјаснил против тоа.
На тој начин Ирина Бокова продолжува да учествува во изборите за генерален секретар на ОН во лично својство, забележа ТАСС.
Позицијата на генерален секретар на ОН, која од 2007 година му припаѓа на Јужнокореецот Бан Ки Мун, од 1 јануари ќе биде ослободена.
Кандидат за оваа позиција од Македонија е поранешниот министер за надворешни работи Срѓан Керим.
Ново на Сител
-

Одбиен предлог законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство
-

СДСМ со предлог мерки за најранливите категории граѓани
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДС и ДУИ во политиката
-

Форумот на жени на СДСМ со пријави против омразата и навредите кон жени на социјалните мрежи
-

Неопходно е проширување на понудата за развој на туризмот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
