Богојавление – Водици во Берово: Благој Дујовски прв до светиот крст

Со голема вера, радост и почит кон традицијата, денеска во Берово свечено беше одбележан еден од најголемите христијански празници – Богојавление – Водици. Во водите на реката Брегалница, пред многубројни верници и учесници, најсреќен беше Благој Дујовски, кој прв стигна до светиот крст – симбол на благослов, надеж и духовна сила.
- По повод празникот, Општина Берово го награди најсреќниот учесник со вредносен ваучер од 15.000 денари, а дополнителна награда обезбеди и општествено одговорната компанија ЗЕГИН, информираше градоначалникот Петар Ружински додавајки дека празничната атмосфера уште еднаш покажа дека беровчани со гордост ја негуваат вековната традиција, пренесувајќи ја од генерација на генерација.
Градоначалникот упати честитки до Благој Дујовски и до сите учесници кои храбро се вклучија во настанот.
- На сите граѓани на Берово им го честитаме големиот христијански празник Богојавление – Водици – ден на духовно прочистување и потсетник на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од Свети Јован Крстител, подвлече Ружински.
МИА
Ново на Сител
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
