Богоев: Има функционери од ВМРО-ДПМНЕ кои праќаат позитивни сигнали за уставните промени
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев изјави дека иако Христијан Мицкоски силно се противи на уставните измени, сепак дел од функционерите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ испраќаат сигнали на поддршка за овој процес.
- Нашите пратеници комуницираат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Меѓутоа, добар дел од нив и од раководството на партијата, вклучително и еден скопски градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, испраќаат позитивни пораки на различни средби и на средби со дипломати. Испраќаат позитивни пораки и на места, настани и во разговори со луѓе за кои претпоставувам дека знаат дека ќе стигнат до нас. Тоа се охрабрувачки информации каде што тие се свесни дека ова е нешто што треба да го направиме за да го продолжиме европскиот пат. Очекувам во одреден момент тие луѓе да истапат и јавно и да дадат поддршка, посочи Богоев во интервју за неделникот „Фокус“.
Тој истакнува дека прашањето за временско одржување на изборите наредната 2024 година е затворено согласно Закон, прво ќе бидат претседателските, а потоа и редовните парламентарни избори.
Богоев потенцира дека СДСМ е предводник на Европскиот блок, која ќе ја осигура европската иднина на државата и додава дека сите стратешки одлуки за иднината на земјата се дел од државничките политики на партијата.
- Во ова раководство, првпат идејата за европски фронт и блок ја пласираше Димитар Ковачевски пред шест месеци на трибините на СДСМ, кои ги правевме есента и зимото. Ние сме единствената политичка партија од земјата којашто била дел од сите чекори во минатото и сега, коишто ја доведоа државата до Европската унија. Ние 11 години имавме комплетно изолираната држава. Добивањето кандидатски статус во 2005 година е по заслуга на СДСМ, членството во НАТО и почнувањето преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик, се по заслуга на СДСМ. Тие се стратешки работи кои се суштината на таков европски блок. Ние дури и создадовме позитивна клима за решавање на црковното прашање, вели Богоев.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?