-->
-->
Богдановиќ:Југославенска селекција би се носела со САД
-->

Српскиот кошаркарски репрезентативец, Богдан Богдановиќ, кој со Фенербахче се наоѓа на турнирот во Задар, истакнал дека и НБА ѕвездите би се плашеле од екипа која би била составена од играчи од поранешните југословенски републики.
„И Леброн Џејмс и Стеф Кари би се исплашиле кога би се собрале репрезентативци од поранешните републики. Се надевам дека некогаш ќе седнат и ќе одлучуваат паметни луѓе“, рекол Богдановиќ.
Бекот на Фенербахче дополнил дека никогаш немал дополнителен мотив кога игра против Хрватска, иако во четвртфиналето на олимпискиот турнир токму против Хрватска одигра брилијантен меч и со 18 поени и пет асистенции ја предводеше Србија до победата.
„Немам никаква посебна мотивација кога играм против Хрватска. Не ги разбирам таквите луѓе. Замислете што ќе беше доколку останевме во иста држава“, заклучил Богдановиќ.
Фенербахче со Богдановиќ, в недела од 21 часот, ќе игра против Дарушафака на турнирот во Задар, а в петок ќе гостува во Скопје на одбележувањето на 70-годишниот јубилеј на Работнички.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Никој не стави вето на предлогот за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, тврди Кошта
-

Трамп ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама за царини
-

Битолчани поразени на гостувањето кај европскиот шампион
-

Мастерс турнир на нова локација
-

Многу критики за Синер по отказот во Дејвис купот
-

Неизвесен настапот на Де Јонг на „Ел Класико“
-

Трета победа за МКК Куманово, совладан тимот на Феникс
-

Ким Џонг Ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не можат да ги скршат врските со Русија
