Богдановиќ: Вработените во општина Центар ќе ги уживаат сите права од работен однос
Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ денеска најави дека како работодавач ќе потпише колективен договор со кој ќе се уредат прават и обврските на вработените во општината и оти тие ќе ги уживаат сите права од работен однос.
Тој на денешната средба со Пецо Грујовски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), како што соопштија од неговиот Кабинет, посочил дека како градоначалник, согласно законските прописи, ќе се залага вработените во општината да ги уживаат сите права од работен однос.
- За таа цел договорено е правата и обврските на вработените да бидат регулирани со Колективен договор. Со овој Колективен договор, кој по усогласувањето ќе биде потпишан, ќе се уредуваат, во согласност со закон, правата, обврските и одговорностите на договорните страни, а особено склучувањето, содржината и престанокот на договорот за вработување и други прашања од работните односи, како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови, соопштија од општина Центар.
Оттаму додаваат дека со овој Колективен договор не можат да се утврдат помали права или понеповолни услови за работа од правата, односно условите утврдени со Закон. Во посебен дел ќе бидат предвидени правата на членовите на Синдикатот.
Ново на Сител
-
Џими Кимел во емотивен монолог рече дека никогаш немал намера да ја омаловажи смртта на Чарли Кирк
-
ФИФА планира да го одржи Светското првенство во 2030 година со 64 репрезентации
-
Скопје меѓу десетте „најпотценети туристички дестинации“ во светот
-
ЕП: ЕУ мора да изврши институционални реформи за се подготви за прием на нови членки
-
Скрининг на населението во Трубарево и околината денеска и утре
-
Зеленски: Москва се плаши од Вашингтон,САД може да ја потурне Русија кон мирот
-
Премиерот Мицкоски на увид во изградба на училишна сала во скопската населба Хром
-
САД го критикуваа Советот за безбедност на ОН за признавањето на палестинската држава