Богдановиќ и еснафот на старата скопска чаршија потпишаа Меморандум за соработка
- Општина Центар и еснафот на старата скопска чаршија потпишаа Меморандум за соработка со цел заеднички да делуваат во јакнење на меѓусебните односи, заеднички настап и за подобрување на условите за работа на занаетчиството, соопшти општина Центар.
Општина Центар, претставувана од градоначалникот Саша Богдановиќ и претставникот и советникот од еснафот Мухамед Љамалари на заедничката средба договорија промовирање на занаетчиството и заживување на чаршијата преку заеднички проекти и активности.
Како што се наведува во соопштението, нагласена е потребата за ревитализирање и осовременување на инфраструктурата на старата скопска чаршија, редуцирање на бариерите и отворање на нови можности за соработка.
Сето ова, наведуваат од општина Центар, ќе го поттикне зближувањето и доближувањето до заборавените културни вредности и единство на различностите, избалансиран развој на општината, како и зачување на традицијата и културата на старата скопска чаршија.
Со, како што се наведува во соопштението, ова се реализира договорот, постигнат во изборниот период за соработка меѓу еснафот и општина Центар.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР