Богатството на Тито пронајдено во гаража во Скопје, погледнете што се криеше длабоко под земја
Далеку од очите на јавноста, длабоко под земја, во темната гаража на Службите за општи и заеднички работи, во гаражата на Македонската телевизија се наоѓа еден од Титовите мерцедеси, модел “600 гросер“.
Маршалот и претседател на некогашната СФР Југославија Јосип Броз Тито никогаш не се возеше во него.
Новинарската екипа на парталот мкд.мк имаше можност да ѕирне во гаражата. Очекуваа да видат стар, запуштен автомобил, кој повеќе не се употребува. Наместо тоа здогледаа вреден колекционерски примерок, исклучително добро сочуван.
-Кога се отвори гаражата се појави силуета и помисли дека е помал од очекуваниот „Титов мерцедес“. Кога се појави предната решетка со трокраката ѕвезда и познатите вертикални фарови сфатив дека се работи за моделот W115, чедо на легнедарниот дизајнер Пол Брак, но во ексклузивна верзија со продолжено меѓуосовинско растојание.
-Два мерцедеси на Маршалот се чуваат во Белград, еден во Љубљана, а еден се продава на аукција во Лондон за 3 милиони евра, а сега пред мене е уште еден државнички мерцедес, беспрекорно зачуван во оригинална форма, шишува новинарот на порталот мкд.мк.
За овој исклучително вреден автомобил, произведен 1974 година, кој поминал само 60.000киломери, се грижи, и ако затреба го вози Ангеле Стојановски.
Тој откри дека во него Јосип Броз Тито никогаш не се возел, но затоа тој, посебно во последно време се користи за важни годити од странство и настани од посебна важност.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар