Бочварски: Обезбедени се парите за плата на вработените во Општина Штип
Околу 700 вработени во Општина Штип и во двете штипски јавни претпријатија на крајот од седмицата ќе си ја земат редовната месечна плата. Обезбедени се средствата кои недостасуваа во општинската каса.
- Можам да ги информирам јавноста и вработените дека денеска ќе биде пуштена платата до вработените во Општина Штип и ќе биде исплатена една фактура од Општина Штип кон ЈП „Стипион“, за да тие веќе утре можат да исплатат плата до своите вработени, вели градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
Тој додаде дека очекува во текот на утрешниот ден да бидат собрани трите милиони денари, кои недостигаат за исплата на платите на околу 400 вработени во штипското комунално претпријатие „Исар“.
- Ова не значи дека ги решивме сите проблеми. Ова значи дека само со макотрпна работа, со одговорна и транспарентна работа ќе успееме со она за што се нафативме да го работиме, да ја стабилизираме општината. Но ова значи дека и наредните месеци ќе се почуствуваат одредени турбуленции во работењето, но веќе нема да биде таков ударот каков што беше овој првичниот во Општина Штип, рече Бочварски.
Штипскиот градоначалник појаснува дека средствата се обезбедени без да се земаат позојмици или кредити. Парите се обезбедени од фирми кои должат на општината, а во изминатите денови Бочварски оставрил контакти со фирмите со цел да излезат во пресрет на општината и да си ги платат долговите пред роковите кои им се дадени во договорите, со цел вработените во штипските локални институции си ја земат редовната месечна плата.
Ново на Сител
-
Планот за раст е алатка каде реформата значи награда, порача министерот Муцунски
-
Teма на денот со Орхан Муртезани, министер за европски прашања
-
Кос: Гаранција за македонските евроинтеграции е полноправното членство
-
Кос: Гаранција за македонските евроинтеграции е полноправното членство
-
Истражување на ИДУЕП: Младите се скептични дека Македонија ќе влезе во ЕУ
-
Предметот за пожарот во „Пулс“ вратен е во Кочани, од таму ќе биде испратен до Кривичниот суд во Скопје
-
Пожар во Кочани, изгореа 3 автобуси и комбе
-
Отворање две нови ленти за излез на граничниот премин „Богородица”