Бочварски – Гир: Поддршката од ЕУ е значајна за модернизација на инфраструктурата во земјава
Поддршката што ја добиваме од Европската Унија за инфраструктурните проекти е многу важна за развој на домашната економија, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.
Министерот Бочварски го запозна амбасадорот Гир со реализацијата на капиталните проекти што се финансираат со поддршка на Европските фондови, а пособен фокус ставија на изградбата на железничката пруга кон Република Бугарија.
Изградбата на пругата има регионално значење заради завршување на Паневропскиот Коридор 8 и од тие причини сме силно посветени заедно со колегите од Бугарија на неговото завршување, потенцираше министерот Бочварски.
– Поддршката од нашите ЕУ партнери е многу значајна за развој на нашата земја. Средствата што ги добиваме преку ИПА компонентите ефикасно ги користиме за модернизација на инфраструктурата. Соработката што ја имаме е на одлично ниво. Остануваме фокусирани на реализација на нашите проекти и покрај големите предизвици со кои се соочуваме, изјави министерот Бочварски.
Министерството за транспорт и врски останува посветено на реализација на инфраструктурните проекти заради подобро регионално поврзување и интегрирање во системот на транспортни коридори на Европската Унија.
Ново на Сител
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште