Боцевски: Се бориме за предно место во автобусот кој никаде не се движи – ЕУ нема консензус за проширување
Се бориме за предно место во автобусот кој никаде не се движи, вели за #Детектор поранешниот амбасадор Ивица Боцевски објаснувајќи дека интегративниот процес со години е закочен бидејќи земјите членки на ЕУ меѓу себе не се договориле што ќе прават со земјите од западен Балкан.
„Во моментов сите релевантни аналитичари на европско ниво го опишуваат процесот на проширување како борба за предно место во автобус на кој што му се извадени тркалата и кој што не оди никаде, бидејќи процесот не оди никаде. Црна Гора преговара од 2013, каде е, никаде. Србија преговара исто така, каде е – никаде. – вели Боцевски за Детектор.
Во вакви услови, тој прашува зошто Владата брза.
„Во моментов имаме борба за тоа кој да биде на предно седиште во автобус кој никаде не се движи затоа што на европско ниво нема донесено конечен заклучок што ќе се прави со земјите од западен Балкан односно дали проширувањето ќе продолжи. Во такви услови никому не му беше јасно и рационално брзањето. Сега се бара консензус, нели ќе беше поразумно да се бара консензус кога се правеа преговарачките тимови за со ЕУ и со Бугарија па партиите да предложат свои претставници па сите заедно консензуално да одлучат дали е нешто прифатливо или неприфатливо па да се придвижиме без проблеми“ – вели Боцевски.
Ново на Сител
-
Ердоган повторно повика на нов устав
-
Кремљ објави дека се уште нема планови за разговори со Трамп
-
Водата во Скопје санитарно исправна, вонреден мониторинг по завчерашниот прекин на снабдувањето
-
ChatGPT критикуван за користење руски пропагандни извори
-
Трамп ветува дека на неговиот прв ден на функцијата ќе стави крај на трансродовиот делириум во САД
-
Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра
-
Најчестите причини за често будење навечер
-
Дедо Мразовци со суп даски во Солунскиот залив