Боб Дилан в петок ќе го промовира новиот албум (видео)
Американскиот кантавтор и Нобеловец, Боб Дилан најави дека в петок на 31 март ќе го промовира својот нов албум „Triplicate“, во кој се преработени хитови од 30-те, 40-те и 50-те години на минатиот век.
Дилан сепак вели дека ова не значи дека копнее по минатото, додавајќи дека не е премногу загрижен дали овој нов албум ќе им се допаден на неговите опожаватели.
- Ова не е носталгично патување во минатото или чезнеење и копнеж за дорите стари сеќавање кои веќе не постојат, нагласи Дилан.
На албумот ќе се најдат преработки на повеќе песни, меѓу кои и „Stormy Weather“, „As Time Goes By“ и „Stardust“.
Ова е трет албум на Дилан во изминативе две години, откако ланиги објави преработката на албумот „Shadows of the Night“ на Френк Синатра и „Fallen Angel“, кој претставува компилација на песни од повеќе автори.
Ново на Сител
-
30 години Сител со Лила Филиповска
-
Се чека одлука за притворот на Груби и Бајрами
-
Промени и иновации за подобар регионален развој
-
Охрид: Потребна е засилена контрола на она што се гради
-
Преглед на вестите од свет
-
30 години Сител со Игор Филевски - Топки
-
30 годишни Сител со сопругата на Драган Вучиќ - Весна Вучиќ
-
30 години Сител со Снеже Велков