Боб Дилан ја прими Нобеловата награда за литература
Американскиот музичар и поет Боб Дилан ја прими Нобеловата награда за литература за 2016 година, три месеци по свеченото доделување, на кое тој не присуствуваше.
Дилан ги примил Нобеловиот медал и дипломата, што традиционално им се доделува на сите добитници, на приватна церемонија во Стокхолм, организирана пред неговиот настап на претходно закажаниот концерт во шведскиот главен град.
На церемонијата не била повикана и не присуствувала ниту една медиумска куќа, ниту од Шведска, ниту од странство.
Еден член на шведската Академија изјави подоцна дека церемонијата на предавање на наградата поминала „многу добро“, како и дека 75 годишниот Дилан оставил впечаток на „фин и љубезен човек“.
Академијата претходно објави дека Дилан нема да го одржи традиционалното предавање на добитниците, на што секој од нив е обврзан, туку дека ќе испрати аудио снимка на своето предавање.
Наградата изнесува осум милиони шведски круни или 900 илјади американски долари, но тој може да не го добие паричниот дел од наградата, доколку до јуни годинава не го испрати своето предавање на нобелов лауреат.
Боб Дилан, чие родено име е Роберт Цимерман, е првиот пишувач на текстови за песни, кој доби Нобелова награда за литература, која досега им се доделуваше на поети и писатели.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста