Фудбал
18. March 2017 - 11:59

Боатенг му донесе победа на Лас Палмас против Виљареал

Германскиот интернационалец Кевин Принц Боатенг и донесе победа на екипата на Лас Палмас над Виљареал во првиот натпревар од 28.коло на фудбалското првенство на Шпанија, односно Примера лигата.
 
Лас Палмас минимално со 1-0 го победи Виљареал, а Боатенг голот го постигна по само десет минути игра. Со оваа победа Лас Палмас се искачи на 11.место на табелата, додека за Виљареал ова е прв пораз во последните четири кола.
 
Од четирите средби колку што ќе се играат денеска го издвојуваме дербито во Билбао, каде Атлетик ќе го пречека „лутиот ривал“ Реал Мадрд.
 
На останатите средби денеска ќе играат: Еибар – Еспањол, Алавез – Сосиедад и Бетис – Осасуна.
 
Двојките за утре се: Леганес – Малага, Атлетико Мадрид – Севиља, Депортиво Ла Коруња - Селта Виго, Спортинг Хихон – Гранада и Барселона – Валенсија.
 
Табела: Реал Мадрид 62 бода (-1 натпревар помалку), Барселона 60, Севиља 57, Атлетико Мадрид 52, Виљареал 48, Сосиедад 48, Атлетик Билбао 44...