-->
-->
Блокотехна го победи шампионот МЗТ Скопје
-->
Кошаркарите на новиот прволигаш Блокотехна направија изненадување откако во последниот натпревар од 4.коло од Првата лига го победија шампионот МЗТ Скопје Аеродром на негов терен со 85:77 (23:13; 23:20; 21:24 и 18:20). Во текот на целиот натпревар гостите од Гевгелија имаа водство.
Екипата на МЗТ Скопје на овој дуел настапи без повредените Јордан Минчев и Брет Бејли, но во тимот беа репрезентативецот Марко Симоновски и новото засилување Радослав Спасојевиќ.
Најефикасен на дуелот беше Данило Мијатовиќ од Блокотехна со 21 поен, а вкупно пет играчи на оваа екипа имаа двоцифрен број поени. Кај МЗТ Скопје Симоновски постигна 19 поени.
Резултати на другите дуели од оваа рунда:
Работнички - Пелистер 105:49,
Гостивар - Шкупи 94:78,
Охрид - Кожув 86:74,
Карпош Соколи - Фени Индустри 103:109 (продолжение) и
Струмица - Куманово 66:90.
Табела: Блокотехна 8 бодови, Работнички 8, Гостивар 8, Карпош Соколи 7, Куманово 6, Охрид 6, Фени Индустри 6, МЗТ Скопје А. 6, Пелистер 5, Струмица 4, Шкупи 4, Кожув 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата