Блокирано е судството со одлуката за префрлање на предметите од СЈО
Одлуката за преземање на предметите од СЈО, го одложи судењето за Транспортер.
На почеток од расправата, судијата Добрила Кацарска рече дека имајќи предвид оти изминал рокот од три дена за преместување на предметите, и објавеното соопштение на Обвинителот Љубомир Јовески за преземање на предметите од СЈО, оневозможена е работата на судечкиот совет.
-Се надевам дека во следните денови, целата оваа ситуација ќе се разреши. Со одлуката за преземање на предметите, целото судство е заробено и не може да се судат предметите на СЈО. Не можеме да ги водиме судењата бидејќи може да се направи повреда на постапката, истакна судијката Добрила Кацарска.
Таа додаде дека во изминатиот период, судиите кои ги водат предметите од СЈО биле доведени во ситуација сами да одлучуваат како ќе постапат откако специјалната обвинителка Катица Јанева заврши во притвор а потоа побара и преземање на предметите од Јавното обвинителство.
Инаку од СЈО, за Сител најавија дека во текот на денот ќе информираат како ќе постапат обвинителите по одлуката да ги предадат предметите на државното обвинителство.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Косово во ЦАС ќе се жали на одлуката на УЕФА за службениот пораз од Романија
-
Пулишиќ би можел да се врати во Премиер лигата
-
Леброн Џејмс ги напушта социјалните мрежи
-
Ристовски и Мукаетов им посакаа успех на македонските ракометарки на ЕП
-
Форбс: Реал останува највреден фудбалски клуб во светот
-
Во „бмв“ на 31 годишник од Коњари пронајден калашников, пиштол и карабин | ФОТО
-
Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња
-
Уапсен 40 годишник во Гази Баба - Во неговиот дом пронајдена дрога | ФОТО