Блокирана Владата на САД
Владата на САД првпат по седум години е блокирана откако демократите и републиканците не се договорија за здравствената заштита.
„За“ предлогот на демократите за финансирање на Владата гласаа 47 сенатори, а 53 беа „против“. Додека „за“ републиканскиот предлог доби 55 гласови, пет помалку од потребните 60 за да се избегне блокада на Владата.
Најдолгата блокада од пет недели во историјата на САД се случи кон крајот на 2018 и почеток на 2019 година, за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп.
Услуги како што се спроведување на имиграциските прописи, контрола на воздушниот сообраќај, воени операции и социјално осигурување нема да бидат прекинати. Но, стотици илјади федерални работници чии работни места не се сметаат за критични за безбедноста би можеле да бидат испратени на принуден одмор или да добијат отказ.
МИА
Ново на Сител
-
Зголемени водостоите на езерата и реките
-
За викендот стабилно време, со ниски утрински температури
-
Три лица фатени при нелегален транспорт на огревно дрво
-
Обвинетите за пожарот на Вардариште признаа вина
-
Одобрено обвинението за пожарот во Кочани
-
30 години од атентатот врз Глигоров
-
Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја | ФОТО
-
Разрешен судијата Беџети