Блокирана сметката на гостиварската гимназија поради долг од изградбата на спортската сала
Жиро-сметката на средното општинско училиште „Гостивар“ е блокирана од страна на фирма која вршела градежни работи при изградбата на спортската сала.
Долгот, заради кој е блокирана сметката со каматите е 8.559.452,00 денари.
Од општина Гостивар, од каде информираа за случајот, се сомневаат дека тој има политичка заднина затоа што фирмата е позната како една од најблиските со поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта.
- Ирфан Јашари од „Картел", имаше можност долгот да го наплати во мандатите 2005-2009 и 2013-2017, кога на чело на општината беше Бејта како нарачател на работите. Но, тој долгот го бара после 10 и повеќе години, со единствена цел да ја блокира работата на општинската структура, се наведува во реакцијата од општина Гостивар.
Оттаму посочуваат дека со блокирањето на сметката се попречува функционирањето на училиштето.
Камен темелникот на салата беше поставен во 2005 година, а изградбата траеше до ноември 2016 година. Тогашната локална самоуправа со која раководеше Невзат Бејта со средства на општината и самопридонес на родителите почна со изградба, а изведувач на работите беше фирмата „Картел“. Додека со општината раководеше Руфи Османи, работите беа стопирани, бидејќи имаше проблеми со статиката. Салата беше завршена откако влезе во проектот „150 спортски сали“ и предадена во употреба.
Ново на Сител
-
Билјана Драгичевиќ Пројковска добитничка на наградата „Ристо Шишков“
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“