Блокади во Софија поради протест на транспортните работници
Возачите од градскиот превоз во Софија денеска излегуваат на протест, што може да предизвика блокади и отежнато движење во градот. Националниот протест, под мотото „Достоинствен труд – достоинствена плата! Без превоз, нема економија!“, е организиран од синдикатите на транспортните работници.
Од 8:00 часот се очекува демонстрантите да ги блокираат сообраќајните раскрсници во центарот на Софија, а дел од акциите вклучуваат и привремено попречување на работата на метрото, јави БТА. Околу 11:00 часот, протестот ќе продолжи со марш кон Министерството за финансии и Градската управа.
Главното барање на транспортните работници е државата итно да обезбеди дополнително финансирање за секторот, со цел подобрување на платите и социјалната сигурност. Од синдикатите нагласуваат дека моменталните предлози за зголемување на платите во Софија се недоволни.
Ново на Сител
-
Вучиќ попладнево ќе презентира податоци од анализа на ФСБ за евентуална употреба на звучен топ на протестот на 15 март
-
Николоски: Очекувам во брзо време инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија
-
Се уште трае блокадата на РТС во Белград
-
Продолжува сведочењето на Палчо
-
Денеска е Велика Среда
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена Звезда
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина