Македонија
20. May 2016 - 21:02

Блокада на патот до депонија Русино - Жителите не дозволуваат да се складира сметот

Граѓани од Гостивар и жители на неколку села го блокираа патот што води кон депонијата Русино револтирани загадувањето и тоа што постојано се шири чад и миризба. Се плашат од последиците по здравјето и затоа на овој начин бараат општините од полошкиот регион да најдат соодветно решение.

Давањето на депонијата Русино под концесија треба да обезбеди услови за депонирање и преработка на сметот по современи стандарди.