Блок: Македонија е поподготвена од Албанија
Министерот за надворешни работи на Холандија Стеф Блок денеска ја повтори позицијата на неговата земја дека Македонија е поподготвена од Албанија за почеток на преговорите со ЕУ.
Пред почетокот на Советот на министри на ЕУ во Луксембург на кој ќе се расправа за старт на пристапните преговори со Скопје и Тирана, Блок изјави дека позицијата на Холандија е дека секоја земја треба да биде оценувана според исполнувањето на критериумите.
– Двете земји направија големи напори. Во однос на Македонија мислиме дека треба да биде преземен уште еден важен чекор, а тоа е законот за јавно обвинителство. Ако тој услов биде исполнет мислиме дека пристапните преговори треба да почнат. Во однос на Албанија, пак, мислиме дека треба да заврши уште многу работа и оти се уште не е подготвена за почеток на преговори, рече Блок.
Прашан дали законот за јавно обвинителство е услов за почнување преговори, Блок не даде прецизен одговор. Кажа дека во секој случај таков закон треба да се имплементира, бидејќи владеењето на правото е клучен критериум за пристапување кон ЕУ.
На прашање дали ќе биде испратен лош сигна за регионот ако не биде одобрен старт на преговорите и дали тоа значи дека ЕУ ги менува критериумите за членство, Блок кажа дека воопшто нема промена на критериумите.
– Главниот сигнал што се испраќа е дека штом земјата кандидат ги исполни критериумите кои се познати, проистапните преговори можат да почнат. Нема ништо ново во тоа. Тоа е праведно и фер, изјави шефот на холандската дипломатија.
Ново на Сител
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО