Близу 4.000 идеи доставиле граѓаните до ВМРО-ДПМНЕ пред претстојните избори
Во досегашниот дел од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „На Македонија и треба твојата идеја“ во пресрет на престојните парламентарни избори на 24 април 2016 година се собрани вкупно 3.903 конкретни идеи од кои 2.737 се прибрани од штандовите во општините, а 1.166 идеи се добиени по електронски пат.
Најголем дел од идеите, како што соопштија денеска од партијата, се однесуваат на зголемување на вработувањето, инфраструктурни, комунални и економски проекти, како и предлози од областа на образованието и младите, здравството и земјоделието.
ОД ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека предлозите и идеите ќе бидат разгледани и голем дел од нив вклопени во партиската програма за престојните избори.
- Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и ги охрабруваме сите граѓани на Република Македонија да даваат свои предлози и да бидат дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и сами да ја креираат својата иднина, бидејќи и досега идеи и предлози на граѓани биле преточувани во проекти и мерки со кои диретно се помагало на одредени категории на граѓани, подобрувал стандардот или се зголемувал бенефитот на сите граѓани на Република Македонија, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Кампањата започна од 18 ноември 2015 година и континуирано трае 24 дена при што граѓаните имаат можност своите идеи да ги достават на електронската адреса www.ideja.vmro-dpmne.org.mk и на штадовите кои се поставени во општините низ Република Македонија. Исто така 4 тима составени од високи партиски функционерри и експерти ги посетуваат општините и преку трибини со граѓаните разговараат за нивните идеи и предлози. Во досегашниот период се одржани 16 такви трибини, а во скоро време ќе се одржат и многу повеќе општините низ цела Република Македонија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра