Блинкен: САД сакаат постабилни и попрофитабилни односи со Русија
САД се надеваат на постабилни и попрофитабилни односи со Русија, но ако таа продолжи да „напаѓа“ тогаш Вашингтон ќе одговори, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за римскиот дневен весник „Ла Република“.
-Ако Русија продолжи да не напаѓа или да дејствува против нас преку напади, како што е „SolarWind“, мешањето во нашите избори или спроведува агресија кон Навални, тогаш ние ќе одговориме, рече Блинкен, повикувајќи се на кибер нападите врз американски компании и улогата на притворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.
Кина е „најкомплицирана“ кога станува збор за односите, кажа американскиот државен секретар, но додаде дека САД нема да побараат ниту една нација да избере помеѓу двете земји.
-Сепак, вистина е дека ако делуваме заедно тогаш сме многу поефикасни во нашите односи со Кина – без разлика дали сме противник, ривал или партнер, додаде Блинкен.
Блинкен се наоѓа на еднонеделна турнеја, во чии рамки ги посети Берлин, Париз, Рим и Бари.
Ново на Сител
-
Зголемување од шест осто на бројот на патници на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид
-
Мукаетов на конференцијата „Предизвикот на промените“ во Ровињ: „Континуираниот раст е возможен само кога целиме надвор од границите“
-
ЕУ ја одобри втората транша средства во рамките на Инструментот за реформи и раст
-
Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт
-
Галески: Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој седиме
-
Орбан веќе разговарал со Трамп, за денеска се очекува и разговор со Путин за нивната средба во Будимпешта
-
МВР во недела ќе користи дронови за безбедно одржување на изборите
-
ФИФА: Продадени повеќе од еден милион влезници за СП2026