Свет
23. March 2022 - 21:10

Блинкен: САД оценуваат дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека припадниците на руските сили извршиле воени злосторства при инвазијата врз Украина.

– Нашата проценка се заснова на внимателен преглед на достапните информации од јавни и разузнавачки извори, истакна Блинкен.
 
Тој додаде дека „како и за секое наводно кривично дело, судот има јурисдикција за утврдување на кривичната вина во конкретни случаи“.