Блинкен: Руските акции околу Запорожје се врв на неодговорност
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги нарече активностите на Русија околу најголемата нуклеарна централа во Украина, Запорожје, „врв на неодговорност“, обвинувајќи ја Москва дека ја користи како „нуклеарен штит“ во нападите врз украинските сили.
– Вашингтон е длабоко загрижен што Москва сега ја користи нуклеарната централа како воена база и пука врз украинските сили од нејзината околина, изјави Блинкен за новинарите во Њујорк. – Се разбира, Украинците не можат да возвратат со цел да избегнат страшна несреќа во нуклеарната централа, рече тој.
Акциите на Русија отидоа подалеку од користењето „човечки штит“, рече Блинкен, нарекувајќи го „нуклеарен штит“. На 20 јули Русија ја обвини Украина дека испукала два дрона во Запорожје, која е и најголемата нуклеарна централа во Европа, но посочи дека реакторот не е оштетен.
Ново на Сител
-
Нов инцидент во бриселски Андерлехт: Куќа изрешетана со куршуми
-
Велика Британија ќе ги заостри мерките против интернет продажбата на ножеви на деца
-
Република Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија
-
Институт за проучување на војна: Русија не е подготвена на никакви значајни отстапки во врска со Украина
-
Трамп сака да ги врати старите тушеви и светилки: Со новите не можам ни косата да ја измијам
-
Меџити: Се зборува дека Груби е во Албанија, Ахмети е во постојан контакт со него
-
814 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава
-
Меџити: Химната може да биде само со музика без текст