Блинкен: Руската употреба на иранските дронови е застрашувачка
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја опиша употребата на иранските беспилотни летала-камикази од страна на руските сили во Украина како „застрашувачка“ и додаде дека САД и нивните сојузници сакаат да спречат ваквата испорака на оружје.
Киев и неговите западни сојузници во последните неколку недели постојано ја обвинуваат Москва дека користи ирански беспилотни летала во нападите врз Украина.
Украина потврди дека околу 400 ирански беспилотни летала веќе се употребени против украинското цивилно население, а Москва порачала околу 2.000.
Техеран ги отфрли обвинувањата.
-Кога би ни било познато дека Русија употребува ирански беспилотни летала против Украина, сигурно немаше да бидеме рамнодушни кон тоа прашање, изјави неделава шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир Абдолахиан.
САД, Обединетото Кралство и ЕУ веќе воведоа санкции кон Иран поради проблемот со беспилотните летала.
Израелскиот претседател Исак Херцог во вторникот се согласи да сподели информации со САД кои покажуваат, според израелското разузнавање, дека иранските беспилотни летала се користат во војната во Украина.
Ново на Сител
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија