Блинкен: Протекувањето на разузнавачките податоци не влијае врз соработката на САД со партнерите и сојузниците
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на прес-конференција во главниот град на Виетнам, Ханој, изјави дека протекувањето на воените разузнавачки податоци нема да влијае врз соработката на Вашингтон со партнерите и сојузниците.
Врз основа на разговорите што ги имав, не слушнав ништо што би влијаело на нашата соработка со сојузниците и партнерите, наведе Блинкен, додавајќи дека од друга страна, слушнал за „благодарност“ за преземените чекорите од страна на Вашингтон.
На денешната средба во Ханој на Блинкен со премиерот на Виетнам, Фам Мин Чин беше ветено дека ќе се подигнат билатералните односи на повисоко ниво.
- Ова беше многу сеопфатен и ефективен разговор и ќе продолжиме да ги продлабочуваме односите во иднина. Многу ја цениме улогата и одговорноста на САД кон азиско-пацифичкиот регион или, во поширока смисла, кон индо-пацифичкиот регион, истакна Чин, додавајќи оти виетнамската комунистичка Влада сака интензивирање на билатералните односи.
И покрај загриженоста за состојбата со човековите права во Виетнам, за Вашингтон Ханој е клучна компонента за американската стратегија за регионот и се обидува да го искористи традиционалното ривалство на Виетнам со Кина за да го прошири американското влијание во регионот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца