-->
-->
Блинкен: Може да се постигне консензус со Турција за членството на Шведска и Финска во НАТО
-->
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека разговарал со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу за загриженоста на Анкара во врска со влезот на Шведска и Финска во НАТО и дека по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата е убеден дека може да се постигне консензус.
„Не сакам да давам детали за конкретниот разговор што го имавме со министерот за надворешни работи, ниту во рамките на самите седници на НАТО, но можам да кажам дека слушнав речиси целосна, многу силна поддршка за приклучување (Шведска и Финска) на Алијансата“, изјави Блинкен по состанокот во Берлин.
И генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека е убеден оти може да се постигне заеднички јазик со цел да се отстрани загриженоста на Турција за членството на Шведска и Финска во Северноатлантската алијанса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи