Блинкен: Ќе одговориме на агресивните постапки на Русија
Ако Русија се однесува неодговорно или агресивно, како што беше случајот со кибер нападот на „Солар виндс“, вмешаноста во нашите избори и со тоа што Русија направи со Навални, тогаш ние ќе одговориме, изјави државниот секретар Ентони Блинкен во денешното интервју за Би-би-си.
-Истовремено, ние претпочитаме постабилни и предвидливи односи и ако Русија го одбере тој пат, тогаш имаме области во кои можеме да соработуваме во заемна корист, рече Блинкен.
Американскиот државен секретар неделава беше во Лондон на средба со министрите за надворешни работи на групата Г-7, а денеска е во посета на Киев, Украина.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Блинкен подвлече дека и покрај тоа што претседателот Џо Бајден во догледна иднина планира средба со рускиот претседател Владимир Путин, новата администрација во САД во својата политика не се фокусира на личноста на Путин и односите со него, а имено на активностите на Русија.
На прашање за изградбата на рускиот гасовод „Северен поток 2“, Блинкен се повика на изјавите на претседателот Џо Бајден.
-Претседателот уште одамна изјави јасно, тој го изјави тоа и пред да стане претседател, дека гасоводот е лоша идеја, дека ги промовира интересите на Русија, ги поткопува интересите на Европа и противречи на принципите на ЕУ околу енергетската безедност… и конечно, тој штети на интересите на Полска, Украина и други клучни европски земји, изјави државниот секретар.
Во интервјуто се говори и за идниот трговски договор меѓу САД и Велика Британија, состојбата во Северна Ирска, а стана збор и за повлекувањето на војската од Авганистан.
На прашање за Кина и економската експанзија на Пекинг, Блинкен истака дека САД не се обидуваат да ја задржат Кина, но се подготвени да се спротивстават на обидите да се загрози светскиот поредок заснован на обврзно почитување на определени правила.
Ново на Сител
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
-

ПИОМ по ревизорскиот извештај – Редовноста на пензиите не е доведена во прашање
-

За околу 300 евра повисоки плати ќе добијат уставните судии ако нема законски измени
-

„Здрава Котлина“ порачува, рудник на Огражден нема да има, Владата мора повторно да одлучува
-

Успешен во светот, подготвен да помогне дома – Авнија Насуфоски постојан набљудувач во канцеларијата на ОН во Женева
-

Околу 70 поети на Струшките вечери на поезијата
