„Блиндиран“ затворот во Тирана каде се сместени осомничените џихадисти
По терористичките напади во Париз, албанските власти целосно го „блиндираа“ затворот „302“ во Тирана, кој и инаку се смета за најдобро чуван затворски објект во земјата.
Ккао што јави дописникот на МИА, во притворската единица на овој затвор се наоѓаат деветмина албански државјани, кои се осомничени дека биле поврзани со ИД и оти биле задолжени за регрутирање и испраќање Албанци на боиштата во Сирија.
Меѓу нив се и двајцата самопрогласени имами Генц Бала од џамијата „Нов прстен“ во Тирана и Бујар Хиса од џамијата во Мезез. Тие се осомничени дека за Сирија испраитле најмалку 100 млади Албанци.
Иако со месеци се наоѓаат во притвор, судскиот процес против нив не е ни почнат, бидејќи осомничените, како што изјавиле, го „признаваат само судот на Алах“.
- Поради максимално засилените безбедносни мерки, сега ним единствено им е дозволено да се сречаваат само со најблиските роднини, пишуваат албанските медиуми.
Ново на Сител
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев