„Блиц“: Србија прва во Европа по смртност поради загадување
Србија е прва во Европа по штетните ефекти oд загадувањето, најмногу од загадениот воздух и девета во светот, како резултат на деталното истражување на Глобалната алијанса за здравје и загадување (ГАХП).
Во Србија, 175 луѓе на 100.000 луѓе умираат предвреме секоја година како резултат на загадувањето на кое се изложени во нивната околина, се вели во студијата објавена во „Блиц“.
Д-р Дејан Зујовиќ, пулмолог и шеф на Одделот за интервенции при Градскиот институт за белодробни заболувања и туберкулоза, за Блиц изјави дека загадувањето во вторникот во Нов Белград било 240, што е некомпатибилно со животот.
Според него, властите морале да го запрат сообраќајот во толку загаден дел од градот.
Коментирајќи ги наводите дека загадувањето има погубно влијание врз жителите на Србија отколку во Индија, Зујовиќ вели дека не е изненадувачки бидејќи немаат ниту една институција која се занимава со прашањето на загадувањето.
Според студијата на ГАХП, во 2017 година од загадување во Србија починале 12.317 лица, од кои за 9.902 смртоносен бил загаден воздух, за 1.366 олово и за 37 луѓе – водата.
Чад, Централна Африканска Република, Северна Кореја, Нигер, Мадагаскар, Папуа Нова Гвинеја, Јужен Судан и Сомалија се пред Србија, а на 10 место следува Индија, јави Бета.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер