Блиц: Специјалец од ИД врбува во Србија
Идриз Билибани, професор по шеријатско право од Призрен е главен организатор за заминување на граѓани од Србија во верска војна во Сирија на страна на Исламска држава, објавува Блиц.
- Според најновите податоци од службите за безбедност во ИСИС, Идриз Билибани познат и под прекарот Шеик, со Денис Хаџиќ од Нови Пазар користеле простор за молитви во Нови Пазар за проповед на радикален ислам, наведува весникот. Тие повикувале на света војна луѓе да им се приклучат во војната во Сирија против силите на Башар Асад.
- Месџид Фуркан во Нови Пазар не е регрутен центар за заминување во Сирија, но е место каде може да се добијат врски со луѓе кои војуваат на страната на ИД. Во тој локал не е пронајдено оружје, но служи за ширење радикален ислам. Сигурно е дека сите кои заминале да војуваат во Сирија биле во Фуркан, изјави за весникот извор запознат со податоци на безбедносните служби.
Билибани лани бил уапсен во Косово, но подоцна пуштен на слобода и од 16 октомври е во домашен притвор.
- Според податоци на службите за безбедност околу 20 луѓе од Србија заминале да се борат на страна на ИД во Сирија. Дел од нив го зеле со себе и семејствата. Во ИД постои и т.н. балканска бригада која се бори во Ирак и Сирија, наведува весникот.
Ново на Сител
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори