„Блиц“: Екстремисти планираат улични протести во Србија по средбата на Вучиќ и Курти во Охрид
Екстремисти од неколку ултрадесничарски и проруски организации во Србија планираат насилни демонстрации во деновите по средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премеир Албин Курти со посредниците од ЕУ, Жозеп Борел и Мирослав Лајчак во Охрид, јави дописникот на МИА од Белград.
Според неименувани извори на „Блиц“, екстремистички групи го чекаат исходот од охридската средба и се надеваат на „потпишување на нешто“, односно парафирање на некаков обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина, што би го сфатиле како доказ за наводното „предавство“ на Косово и причина за улични протести со насилство.
Синоќа повеќе илјада припадници на српски десничарски партии и движења се собраа на протест пред Храмот „Св. Сава“ во Белград, од каде се упатија кон Кабиентот на претседателот Алексадар Вучиќ. Протестот насловен „Србија памети, брани, не дава“, го организираа движењето Двери, Нова ДСС, ПОКС и Заветници, против, како што најавија, прифаќањето на европскиот план за нормализација на односите со Косово.
Демонстрантите носеа повеќеметарското знаме на Србија и запалени факели и скандираа „Косово, Србија“ и „Косово, не го давеме“.
Протестот претставуваше, како што наведоа организаторите, „надпартиско патриотско обединување“ на сите кои се против договорот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Насобраните имаа три барања – да се отфрли европскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Вучиќ да поднесе оставка и веднаш да се распишат избори.
Ново на Сител
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени
-
Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица
-
Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела
-
Во завршна фаза се активностите за санација на главниот градски водовод
-
Сите патни правци во државава се проодни
-
Обвинителството ги истражува причините за смртта на професорот Кожухаров, декан на Економски факултет Скопје
-
Во Белград убиен 27-годишник
-
Институтот за јавно здравје издаде препораки за безбедна употреба на вода по прекинот на водоснабдувањето