-->
-->
Блажевски за шест стотинки остана без Б-норма на 200 мешано
-->
Македонскиот пливач Марко Блажевски за шест стотинки не успеа да исполни Б-норма во дисциплината 200 метри мешано. Тој претпладнево во квалификациите на ФИНА Светскиот куп во Москва трката ја исплива за 2:04.45 минути, додека Б-нормата изнесува 2:04.39. Блажевски се пласира на 11 место во конкуренција на 17 пливачи. Најдобро време имаше Германецот Филип Хајнц – 1:59.19 минута.
Блажевски пливаше и на 200 метри слободно каде го освои 22.место во конкуренција на 30 пливачи. Тој постигна време 1:53.36 минута, додека најдобар резултат во оваа дисциплина постигна Лорис Бурели од Франција – 1:48.42 минута.
Анастасија Богдановски денеска се појави на стартот во дисциплината 100 метри слободно и постигна време 56.92 секунди што беше за осум десетинки послабо време од нејзиниот и македонски рекорд поставен на Светското првенство во Казањ пред неколку дена. Таа се пласира на 13.место во конкуренција на 28 пливачки, а најдобар резултат имаше Унгарката Катинка Хосу – 55.18 секунди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти
-
Приведен крадец во тетовско
-
АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ
-
Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан