Спорт плус
4. December 2015 - 13:01

Блажевски се доближи до рекордот на 200 мешано

Единствениот македонски пливач на Европското првенство на 25-метарски базени што се одржува во Нетанја, Израел Марко Блажевски претпладнево имаше настап во квалификациите на 200 метри мешано. Тој го освои 26.место во конкуренција на 42 пливачи, а во својата група беше седмопласиран.

Блажевски имаше време од 1:59.27 минута што беше за 28 стотинки послабо од неговиот и македонски рекорд поставен лани на Светското првенство во Доха. Првопласираниот во квалификациите Германецот Филип Хајнц имаше резултат – 1:53.64 минута.

Вчера на 400 мешано Блажевски заврши како 16.ти, додека на 100 пепрутка првиот ден постави нов македонски рекорд.

Блажевски настапот на шампионатот ќе го заврши со настап утре во квалификациите на 100 метри мешано.