Благоев: Бугарската православна црква ќе мора да ја признае Македонската црква
Бугарската православна црква ќе мора да ја признае македонската како една од многуте православни цркви во светот, а не како единствената со која има директно заедничко историско минато, вели за БНР црковниот аналитичар и историчар д-р Горан Благоев. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, според Благоев, шансите за тоа се пропуштени.
Тој оценува дека речиси никој во православниот свет нема да биде импресиониран од претензиите на Бугарија за името Охридска архиепископија.
Благоев смета дека во последните години Бугарската православна црква се покажала со многу низок авторитет во семејството на православните цркви. И, ако Светиот синод на БПЦ сметал дека имало причина, можел итно да реагира со порака до сите помесни православни цркви, да ги бранат своите историски права на ова име. Ако не го стори тоа, православниот свет ќе го прифати она што го диктира и одредува Цариградскиот патријарх.
Во црквата, како и во политиката, работите не се случуваат секогаш како што сакаме, вели Благоев. Она што се случи со МПЦ, според него, е очекувано, особено откако Бугарската православна црква во 2019 година одби да се заложи да го поддржи решавањето на македонскиот црковен случај. Откако бугарскиот синод немаше ниту овластување ниту потенцијал да го стори тоа, работите природно дојдоа до она што се случи вчера – српскиот патријарх Порфириј во Скопје објави дека СПЦ и дава автокефалност МПЦ-ОА.
Благоев коментира и дека „македонска црква била воспоставена како анти-српска, но за жал, властите на Тито многу бргу ја претвориле во инструмент на анти-бугарско однесување“.
Пристапот и односот на Бугарија во однос на ова прашање, според него, треба да биде многу деликатен, бидејќи Софија веќе огорчила доволно луѓе во С Македонија со болокадата на влезот на земјата во ЕУ.
Ново на Сител
-
ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени
-
Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
-
САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени