Бизнисот очекува подобра 2018 година
Поголема поддршка на производството, извозот , полесен пристап до финансии, повисок степен на реализација на капитални инвестицвии. Бизнисот смета дека ова е само дел од она што треба да се направи за во 2018 година макеоднската економија да почне полека да заздравува.
Инфраструктурата мора да се подобри, а за да бидат домашните фирми поконкурентни ќе треба да се унапреди и образовниот процес.За да има развој потребно е најмалку 20 до 25 проценти од Бруто домашниот производ да се инвестира во нови производи, иновативност, конкуретност. Со модернизација на капацитетите, иновирање на технологијата, ќе се унапреди обемот на производство, се вели во дописот од стопанската комора на Македонија.
Експертската јавност е поделена, дел се отпимисти дека 2018 ќе биде подобра и растот од 3.2 отсто македонската економија ќе успее да го генерира. Дел пак не веруваат дека економијата толку бргу ќе се опорави. Бараат долгорочна стратегија за развој.
Владата одлучи економијата да ја лекува преку мерки со кои стопанството ќе се субвенционира со околу 60 милиони евра. Но за економистите ваквите мерки ако дадат бенефит само за големите и успешни фирми, програмата на Владата за раст нема да ги даде очекуваните резултати, а парите ќе бидат потршени.
Проекциите на Владата е годинава да се заврши со раст од 1,6 отсто а следната со 3,2 %. Народната банка пак очекува економијата 2017 година да ја заокружи со раст од само 0.5 проценти.
2017 економистите ја оценија како најлоша економска година до сега.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар