Бизнисмените со позитивни искуства од акцијата „Притисни црвено копче“ за пријавување имотно-правни проблеми
Акцијата „Притисни црвено копче“, што во соработка со стопанските комори ја спроведуваат Управата за имотно-правни работи и Министерството за финансии, како мерка за помош на бизнис-субјектите во пријавувањето проблеми од имотно- правна природа, при укажувањето на можностите за нивно надминување и давање насока за следните чекори кон нивно надминување, за стопанствениците претставува непроценлива помош што мора да се искористи.
За сопственикот на компанијата „Ариљеметал“ Богослав Ангелоски, таквата помош што и се нуди на бизнис-заедницата претставува мошне важен сегмент во работењето на секој правен субјект, особено за фирмите што се во развој, односно малите и средните претпријатија.
- Таа мерка им овозможува на фирмите полесен пристап до комерцијалните банки за добивање кредити, како кога станува збор за краткорочни средства наменети за обрт, така и за долгорочни средства наменети за инвестиции, рече Ангелоски.
За имотно-правните односи, тој рече дека претставува исклучително сложен административен процес што задира многу законски одредби, и како таков е предизвик не само за Македонија туку за секое стопанство.
- Да ви биде понудена таква помош, во најмала рака е неумесно да не се искористи. Ние тоа го искористивме на најдобар можен начин и од фирма со осум вработени во 2006 година достигнавме до 40 вработени, со пласман на дел од производството на пробирливиот европски пазар. Некој Македонија ја презентира преку култура, некој преку науката, ние со нашите производи што ги исполнуваат најсовремените Din I Iso стандарди, рече тој.
Ангелоски, кој инаку е и заменик-претсеадател на индустриската преткомора на Македонија, истакна дека досегашните искуства на стопанствениците укажуваат на мошне добра соработка со персоналот и стручните служби на националните институции и ресорните министерства, што според него не е случај на локално ниво, каде треба да се работи за доусовршување на бизнис-климата.
- Соработката со националните институции е на извонредно ниво. Уште на првите средби од Сојузот на стопанските комори со Владата веднаш добивме можност непосредно да ги доставиме предлозите, барањата, забелешките. Оттаму и задоволството на самите стопанственици, но и светски меродавните институции што ја оценуваат бизнис-климата или условите за стопанисување, кои даваат највисоки оценки за креативноста на донесените предлози во тој контекст, рече Ангелоски.
Кога станува збор за локалните самоуправи, тој посочи дека на локално ниво отпаѓаат 80 до 90 проценти од проблемите со кои се соочуваат малите и средните бизнис-компании.
- Она што е потребно сега е да се работи на пониско, на локално ниво, од градоначалник до началници на сектори на служби каде главен приоритет треба да биде формирање и доусовршување на постоечките бизнис-услови, истакна Ангелоски забележувајќи дека токму малите и средните фирми треба локалната самупорава да ја чувствуваат како своја, блиска и постојано достапна за комуникација, за размена на информации и помош.
Акцијата „Притисни црвено копче за да пријавиш имотно-правен проблем“ првпат се спроведе во 2011 со почнувањето на проектот „Посета на 40 компании“. Дополнително во 2012 и 2013 година Управата објавуваше јавни повици преку кои апелираше да се пријават проблеми од имотно-правен карактер. Фирми и граѓани кои се соочуваат со проблеми во оваа област, а не се пријавиле на досегашните повици од надлежната институција, имаат можност да се вклучат во акцијата и да добијат помош за решавање на проблемите.
Директорот на Управата за имотно-правни работи Зоран Крстановски неодамна при средба со претставници на бизнис-заедницата истакна дека досега со барања за помош и надминување имотно-правен проблем се јавиле 205 компании. Од нив, целосно се завршени постапките за 88, за 46 се делумно завршени, а во постапка се уште 20 барања.
Тој нагласи дека сите субјекти кои ќе достават одредено барање ќе бидат повикани во Управата каде ќе добијат соодветна стручна помош и ќе бидат упатени во соодветна постапка и понатаму во најкраток можен рок ќе си ги реализираат своите права.
Ново на Сител
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час