Бизнисмени од Либан заинтересирани за инвестирање во Македонија
Бизнисмени од Блискиот Исток ја избраа Македонија како можна земја за реализација на инвестиции во енергетиката, минералните суровини, туризмот, малите и средни претпријатија.
Тие ќе престојуваат два дена во земјава и ќе испитуваат различни дестинации за инвестирање, а денеска имаа средба со министерот за економија Крешник Бектеши. Рекоа дека се тука за да се информираат од прва рака за законодавството и за условите кои ги нудат слободни економски зони.
Како што соопшти Министерството за економија, делегацијата ја предводи Самер Соуфан, претседател на Советот на бизнисмени од Либан, а во неа се претставници од девет големи либански компании.
- Македонија е вистинската дестинација за инвестирање, а либанските инвестиции се добредојдени. Би отвориле ново поглавје во нашата соработка со Либан и Блискиот Исток, рече Бектеши кој на средбата ја информира либанската делегација за можностите за инвестирање во Македонија.
Предочи и дека со реформите кои ги презема Владата се создава уште поповолна бизнис клима.
Ново на Сител
-
САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина
-
Венс: Војната во Украина нема брзо да заврши
-
Без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Горно и Долно Лисиче
-
Честитка од рускиот патријарх Кирил до архиепископот Охридски и Македонски Стефан
-
МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година
-
Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“
-
Бела куќа: Фондот со Украина ја покажува посветеноста на САД
-
Руски медиуми: Рубио ќе присуствува на воената парада во Москва