Бизнис
12. March 2020 - 16:56

Бизнис секторот предупредува - економијата пред колапс ако државата не преземе дел од финансискиот товар

Економијата пред колапс. Бинзис секторот барата Владата итно да преземе дел од товарот на компаниите за да им помогне да го пребродат периодот кој е незивесно колку ќе трае. Велат дека тоа го сториле сите европски земји каде се шири корона вирусот.

На иста линија и германските бизнисмени во земјава. Велат дека се отворени низа прашања кои предизвикуваат несигурност кај локалните компании и мора да бидат решени во најкус рок.

-Не е јасно дали државата или компанијата ќе продолжи да ги исплаќа платите доколку вработениот отсуствува од работното место, доколку компанијата му понуди на членот на семејството флексибилно и поволно за семејството работно време или работа во смени. Отворено е и прашањето во врска со заканата за преземање казнени мерки поради непочитување на мерките кое треба да се разгледа и од аспект на егзистенција на компаниите, пишува директорот на Делегацијата на германско стопнаство, Патрик Мартенс.

Експерите велат дека платите за тие што седат дома по препорака на Владата треба да ги плати државата. Потребни се и други мерки за да се не загрози ликвиднсота на стопанството.

Труд и социјала денескла повторно укажа дека „физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно Кривичниот законик. Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст, хронично болни согласно препораките на Комисијата за заразни болести и бремени жени, да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31.

Се огласи и Регулаторната комисија денеска. Побара во наредните две недели компаниите да не исклучуваат струја, вода и парно поради неплатени сметки.