Бизнис конференција „Слатка програма“
Интерактивна Talk IN Business конференција на тема „Слатка програма“ организира денеска во Скопје
редакцијата на магазинот InStore – Македонија.
„Слатка програма“ е првата од 10-те планирани конференции во рамки на регионалниот проект Talk IN Business. На конференцијата ќе учествуваат најголемите кондиторски производители од Македонија, дистрибутери на производи од слатка програма и најголемите супермаркети.
На Talk IN Business тие ќе имаат можност да дискутираат за потрошувачките навики, позицијата на брендовите и за основните трендови на секоја категорија, како и за интегрирано медиумско планирање на кампањи.
Интерактивните Talk IN Business конференции ќе се одржуваат еднаш месечно и на секоја ќе се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Ќе бидат презентирани информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, ќе се споделуваат искуствата за категориите.
Ново на Сител
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија
-
Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура
-
Преглед на вестите од свет
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%