Бизарно откритие: Јелена исечена од семејните фотографии
На некои од фотографиите кои се пронајдени во семејството, убиената пејачка Јелена Марјановиќ или е исечена или искината, открива српски Курир.
Извор од истрагата открива уште еден бизарен детаљ.
-На фотографиите кои ги пронајдовме во семејството, имаше неколку каде Јелена беше исечена или тој дел од фотографиајта искинат. Покрај тоа испрашувавме и неколку угостители каде Јелена пеела, а Зоран ја придружувал Некои од нив ни рекоа дека тие често се карале и тоа и гостите можеле да го забележат, открива изворот.
Да потсетиме, по денешниот претрес на куќата и дворот на Марјановиќ, форензичарите и инспекторите излегле со две кеси докази.
Мајката на убиената пејачка била со нив, како и двајца сведоци, односно сосетки кои влегле со полициајта.
Владимир, таткото на Зоран на прашањето од новинарката, несакал да открие што однела полицијата.
-Не ги конролирав, тоа што мислеа дека им треба, тоа го однесоа...Додека убиецот слободно шета со чеканот..кратко рече за Курир таткото на Зоран Марјановиќ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Нема активни пожари на отворен простор, изгаснати 11
-
Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа
-
Медведев предупредува на понатамошни чекори откако Москва се откажа од мораториумот за ракети со краток и среден дострел
-
Американската администрација обвинета за криење штрајк со глад во затвор за мигранти
-
Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања
-
Синоќа избувна голем пожар во фабрика во Велес - се уште има слаби чадења
-
ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени