Македонија
13. April 2016 - 15:19

Бизарна несреќа во Скопје, загина пешак поминувајќи покрај градилиште

Во Скопје на ул. „Јордан Мијалков“ вчера околу 10.50 часот М.Б. (53) од скопското село Студеничани, починал откако врз него паднал дел од рушевина.

МВР денеска соопшти дека тој движејќи се пеш во дворот на Заводот за Судски вештачења, каде што се изведувале градежни работи - рушење на објект, врз неговата глава паднал дел од рушевина, по што починал на местото на настанот.

Од страна на лекар од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.