Бизарен тренд кружи на интернет - Еве што ставаат жените во вагината?
Во последно време кружи бизарен тренд на интернет, а тоа е дека краставиците биле корисни за интимна нега на вагината. Лекарите, пак, ги предупредуваат жените да не подлегнуваат на вакви совети затоа што е опасно.
- Лудост е што на жените им се препорачува да вметнат излупена краставица во интимните делови, која треба да стои внатре 20-ина минути. Згора на сè, блогерите тврдат дека високата содржина на витамини ја прави кожата помека, а на гениталиите им дава пријатен мирис, па дури дека може да ги намали и шансите за добивање сексуално преносливи инфекции“, посочуваат лекарите од Канада. Тие велат дека оваа практика може да предизвика поголем ризик од инфекции, како што се гонореја и ХИВ.
Канадскиот гинеколог д-р Џен Гинтер објаснува дека миењето со краставица го нарушува природниот баланс на гениталиите. Таа предупредува: „Ако имате вагина, тогаш, дефинитивно, не треба да го направите тоа“.
И додава дека сите видови габи, како и други бубачки што може да ги има во зеленчукот, може да завршат во вагината.
- Веројатно е мудро да не се става објект со непознати растителни микроорганизми во вагината. И со малку миење во кујнскиот мијалник нема да ја стерилизирате краставицата, вели д-р Гинтер.
Лекарите тврдат дека најдобро за миење на вагината е да се употреби само вода и благ сапун, и тоа надвор од гениталниот предел. Жените што користат средства за туширање имаат двапати поголем ризик да развијат рак на јајчниците, вели националното истражување во САД од 2016 година направено од Националниот институт за здравствени науки на животната средина.
Ново на Сител
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација