Битолските полицајци почнаа да ги користат мобилните камери
Вака течеше една сообраќајна контрола во Битола.
Полицискиот службеник ја вклучува камерата, а потоа ја почнува постапката за сопирање на возилото и извршување идентификација и контрола на возачот, а полицаецот му најавува на возачот дела се снима.
СВР Битола од неодамна почна да ги користи мобилните камери во сообраќајот, а целта е да се зголеми квалитетот на документирање на прекршоците, но и зголемување на професионалноста и транспарентноста на полицискиот службеник на терен.
-Се надеваме дека со самото поставување на овие мобилни камери ефикасноста ќе биде зголемена, ќе дојде до намалување на самите прекршоци од возачите и пешаците. Како најчести прекршоци при овие контроли е зголемена брзина, присуство на алкохол, непропуштање пешаци на пешачки. Исто така прекршоци има и од пешаците, се надеваме со зголеменото присуство на терен и поставување на овие камери ќе дојде до намалување, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
Овие камери се обезбедени преку проектот ИЦИТАП програма на Одделот за правда на Владата на Соединетите Американски Држави наменета за Единиците за сообракај во повеќе сектори низ државата.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
