Битолскиот универзитет и Општина Битола ја продлабочуваат соработката
Битолскиот универзитет преку поголем дел од своите капацитети го дава својот придонес за развој на општина Битола. Градоначалникот и ректорот сметаат дека врската меѓу овие две институции ќе се зајакне со воведувањето студентска пракса во општината.
-Тоа се млади луѓе кои би влегле во општината и низ еден двонасочен процес и на учење и на споделување на своето знаење во општината да создаваат клима на почитување на младите, рече ПРОФ. Д-р Сашо Коруновски, Ректор на УКЛО.
-Сега таа соработка ќе се продлабочи со нови проекти кои ќе помогнат за поголемо вклучување на младите во институциите, за време на нивното студирање преку професионална пракса во која ќе дадат свој придонес и ќе стекнат вештини, изјави Тони Коњановски, градоначалник на Битола.
Резултат на сорабиотката ќе биде и студенскиот парк кој планираат да биде отворен во поранешната касарна, каде се наоѓаат дел од факултетите на универзитет „Свети Климент Охридски“ Битола.
-Кој е во заедничка соработка меѓу локалната самоуправа, ЈП „Комуналец“, подолгорочна соработка со ректоратот, наскоро битолчанни ќе добијат убаво катче, ќе речам единствената зелена оаза во делот на касарната, рече Коњановски.
-Заедничка е одговорноста тој простор да го урбанизираме и да биде достоен за ние таму што работиме и општината за делот кој го има во своите визии, изјави Коруновски.
Инаку битолскиот универзитет е вклучен во изработката на сообраќајните решенија во градот, а универзитетските лаборатории се ставени на располагање за потребите не само на општината, туку и на бизнис секторот.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
