Битолскиот Совет со одлука и мерки за комунален ред

Советот на општина Битола донесе одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување со кои се овозможува отстранување и чување ситна и крупна стока, живина и пчелни семејства од јавни површини во градот.
Според одлуката доколку на јавна површина се затекне крупна и ситна стока, односно коњи, крави, овци, магариња, живина, мазги, кози и слично без да е присутен неговиот сопственик, по налог на комуналниот инспектор од општината, ќе бидат отстранети од страна на овластениот субјект ЈОУ „Зоолошка градина“-Битола и ќе бидат сместени во посебно обезбеден простор во ЈОУ „Зоолошка градина“-Битола до 15 дена.
- Одлуката е донесена на барање на граѓани кои често реагираат на непријатната слика кога на јавни површини во градот затекнуваат како се напасуваат коњи, овци, кози и друга стока. Затоа во иднина секоја крупна и ситна стока ќе се отстранува, а сопственикот е должен да ги надомести трошоците за приведувањето и чувањето на животното, а доколку во рок од 15 денови не ја подигне стоката тогаш ќе се постапува според посебен правилник на овластениот субјект, односно ОЈУ „Зоолошка Градина“-Битола, информираат од локална самоуправа.
Со новата комунална одлука, сопствениците на добитокот или животното кое ќе биде отстрането од јавна површина ќе имаат обврска да ги надоместат и трошоците за предизвикана штета што добитокот односно животното ја сториле на зеленилото или јавната зелена површина.
Ново на Сител
-

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои
-

Најмногу дожд во Претор
-

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина
-

Германски министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии
-

Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на Европа, оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“
-

Ушаков: Русија се согласи со иницијативата на Трамп за воспоставување тридневно примирје
-

Ден на победата над фашизмот
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
