Битолскиот музеј ќе добие нов изложбен и галериски простор

Националната установа Завод и Музеј-Битола годинава ќе реализира 57 проекти – составен дел на националната програма на Министерството за култура за кои се издвоени 66 милиони денари.
На денешната прес-конференција во Битола, директорот на таа национална установа, Зоран Алтипармаковски изјави дека еден од најзначајните проекти кој е прифатен од Министерството за култура, а ќе се реализира оваа година, е реконструкцијата на административната зграда на Музејот.
-Станува збор за проект со кој е предвидена конзервација и реставрација на фасадата, ентериерно уредување, средување музејските депоа, зголемување на музејската поставка од 570 на 1.200 квадратни метри, а во поткровјето ќе биде оформен галериски простор кој ќе се простира на површина од 2.000 квадратни метри, нагласи Алтипармаковски.
НУ Завод и Музеј-Битола во минатата година го посетиле 42.563 туристи, од нив 75 oтсто од странство, главно од Турција и Израел беше посочено на денешната прес конференција во овој град.
Ново на Сител
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
