Битолски пожарникари попречувани во акција за гаснење пожар

Командирот на територијалната против пожарна единица-Битола, Костадин Поповски на прес конференција изјави дека екипи на ТППЕ-Битола за време на интервенција за гаснење пожар кој синоќа се случил во Битола, биле попречувани во својата работа од локалното население.
Поповски изјави дека за време на синоќешниот пожар на куќа на улица „Љубојно“ бр.8 во Битола, согласно процедура веднаш испратиле екипа со возило за гаснење на пожарот врз куќа кој бил во развиена фаза, но на нивно изненадување наишле на отпор од населението.
- Синоќа професионалните пожарникари од Битола задолжени за брзи интервенции беа оневозможени да си ја вршат работата. Вршењето мобинг врз нас е од непознати причини и тоа предизвика дополнителни поблеми во акцијата и гаснењето на куќата која беше градба од штици. Интервениравме веднаш по дојавата во ТППЕ-Битола и навремено, но група луѓе од локалното население постојано вербално не навредуваше, истакна Поповски.
За време на синоќешниот пожар во Битола беа опожарени три куќи, а една од нив целосно изгоре, информираа од ТППЕ-Битола.
- Куќата од штици целосно изгоре, додека врз другите куќи има оштетувања од пожарот кој избувнал околу 22 часот, а се интервенираше до 00.45 часот. За време на акцијата побаравме од ЕВН да ја исклучат струјата за да можеме да гасниме, но за жал ЕВН не дојдоа да ја исклучат струјата. Службено ја информиравме и полицијата од каде очекуваме преземање, на активности од нивна надлежност, посочи Поповски.
ТППЕ-Битола во овој момент има 21 вработено лице, професионални пожарникари и девет специјализирани возила за гаснење пожар.
- Според стандарди и за ефикасно работење на ТППЕ-Битола потребни се вкупно 71 професионален пожарникар, посочи командирот Поповски на прес конференцијата во овој град.
Ново на Сител
-

Адем Чучуљ е кандидат за претседател на ДКСК
-

На 28 ноември пресуда за моторџијата кој го прегази дедо Jуго
-

Во здравството во Македонија работат 32.383 лица – Има повеќе од двојно гинеколози од анестезиолози
-

Просечната плата во септември зголемена за 156 денари, статистика пресмета дека изнесува 45.466 денари
-

Продавачите на стари книги ќе мора да ги напуштат тезгите од кеј до среда
-

Вештачката интелигенција навлегува и во медиумите
-

Македонците во Неиве слават 20 години духовен дом - празникот Св. Архангел Михаил ги обедини сите
-

Украина го доби, Русија го чека мировниот план на САД
