Битолската ЗОО градина ќе ја зголемува посетеноста во соработка со НВО-секторот
Менаџерскиот тим и управниот одбор на општинска јавна установа Зоолошка Градина-Битола утврдија програма за зголемување на посетеноста во ЗОО-градината во 2019 година.
Според програмата која е одобрена од Советот на општина Битола, со зголемување на соработката со невладините организации од градот и државата, ќе се зголеми и посетеноста во оваа ЗОО-Градина.
-Битолската Зоолошка Градина е сместена во прекрасна природа на падините на Тумбе Кафе со оригинален и нетипичен „ридско-планински“ изглед. Во „ЗОО-Битола“ има матично стадо со повеќе од 30 видови животни и над 400 претставници на животинскиот свет кој треба да биде погледнат од домашната и меѓународната публика. Затоа во 2019 година ќе ја зголемиме соработката со НВО-секторот и веруваме дека на тој начин ќе се зголеми посетеноста во „ЗОО-Битола“, информираат од таа јавна установа, чиј основач е општина Битола.
Во текот на следната година во „ЗОО-Битола“ ќе биде извршена посебна реконструкција и санација на оградата каде се сместени тревопасните животни, реконструирање на складот за сено, како и хортикултурно уредување на површините.
Менаџерскиот тим планира како во оваа, така и наредната година да работи со ист буџет од девет милиони денари, а се очекуваат и дополнителни приходи од околу 2,5 милиони денари од продадени влезници и други активности.
Битолската Зоолошка Градина е основана на 1 мај 1950 година како заедничка идеја и со поддршка на ЗОО-Градини во Скопје, Суботица, Загреб и Белград.
Ново на Сител
-
Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него, Унијата е со вас
-
Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба
-
УК за радиотерапија и онкологија апелира за смиреност и доверба во персоналот
-
Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа
-
Двајцата пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, не патувале надвор од државата, вели Андоновска
-
Во Појасот Газа пристигна уште помош, додека ОН предупредуваат на проблеми со дистрибуцијата
-
Русија три дена под масовен напад со дронови
-
Управувал возило со 2,1 промили алкохол во крвта - уапсен охриѓанец