Битолската полиција во акција против трговијата со дрога
Во текот на овој месец битолската полиција откри повеќе лица кај кои се пронајдени наркотични дроги и психотропни супстанции. На 14 јуни поднесена е кривична пријава до ОЈО против битолчанец за „неовластено производство и пиштање во промет на наркотични дроги ,психотропни супстанци и нивни прекурсори.
-Имено на 14.06.2022 на ул.„Павел Шатев“ во Битола при преглед од страна на полициски службеници од СВР Битола кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана .Истите го лишиле од слобода ,поднесена е кривична пријава при што од страна на судија на предходна пстапка одреден му е притвор во траење до 30 дена, изјави САЊА СТАМАТОВА, ПОРТПАРОЛ НА СВР БИТОЛА..
Наредниот ден Одделението за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола лишиле од слобода двајца битолчани пред угостителски објект во Битола, додека едниот му продавал кокаин и марихуана на другиот.
-Притоа кај нив биле пронајдени кокаин, марихуана, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стаматова.
Стаматова информира дека во тековниот месец од страна на полициски службеници од СВР Битола на повеќе локации низ Битола беа извршени прегледи и во уште 6 случаи биле пронајдени наркотични дроги ,психотропни супстанци и нивни прекурсори ,лицата се лишени од слобода и по целосно документирање на настаните против истите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Две од овие лица каде била пронајдена марихуана биле малолетни.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
